Па, она што таму ќе може да се добие ќе бидат информации, а не оваа, со јаглени хидрати    - баласт - преоптоварена преобразба.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 17-18“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Светот настанал од влажен збор.  (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот.  потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
               
             
           
            
            
              „Сонце во тегла“
               од Илина Јакимовска 
              (2009)