универзален (прид.) - карактер (имн.)

Станува збор за градот, за реката, за тврдината, за езерото, за границата, за родната земја, проследено со постојаниот неодредувачки карактер, својствен на сказните со нивниот универзален карактер.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој беше свесен дека прашањето за чистите јазици, колку што беше од универзален карактер и ги тангираше речиси сите јазици во светот, во различни историски периоди, толку можеше да има и посебен карактер на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според третото обележје романот има универзален карактер, бидејќи иако дејствието се случува во ограничен географски простор, сите мигранти без цел и без надеж за отворени патишта го имаат животот на ликовите на Луан Старова.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)