работен (прид.) - човек (имн.)

И реков еднаш а можеби и повеќе пати на Катерина дека го сожалувам кутриот социјализам бидејќи имам впечаток дека во раните утрински часови работниот човек воопшто не мисли на него, на социјализмот, туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луѓето во Париз, оние што работат врз неговот урбанистички развиток, најмногу внимаваат работниот човек во Париз да го одделат од бучавоста и трите милиони коли и да му обезбедат помирен живот, без нервоза и турканица, без многу да се движи на тркала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во провинциско гратче, мрзеливецот библиотекар заедно со мрзеливците од месниот културен оддел дигна раце од својата работа и престана да се грижи за барем малку осмисленото снабдување на работниот човек со книги.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем токму тогаш се сетив на оној наш разговор за ситите и гладните; она кога ми рече дека навистина го сожалувала социјализмот особено наутро кога ќе забележала дека работниот човек воопшто не мисли на него туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На луѓето во Париз, на оној обичен работен човек, едно му недостасува - време.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На крајот од краиштата, морав да ги дигнам рацете и да престанам со разубедувањето.  Колку Брокхауси може да поднесе организмот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Примањето во пионерската организација беше првиот степен на иницијација кон станување на работен човек и граѓанин на нашето самоуправно општество.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)