работен (прид.) - биро (имн.)

Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како не ми текна порано дека можеби е тоа, дека можеби паднало во мојата ногавица од нејзиното работно биро.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во канцелариите на работните бироа набрзина ќе прекаснеа по нешто од она што го завиткале дома во најлонска кеса и брзаа „Под врбата” за да фатат ред, а имаше и такви кои, брзајќи, го прескокнуваа појадокот и на гладно срце си обезбедуваа термин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истите слики, и тој, одвреме навреме, ги ставаше над своето работно биро.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Над работното биро на другарот Чапаев висеа сликите на Сталин и на Тито, и обајцата насмеани и во маршалски униформи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најлогично беше да помислам дека се наоѓал на работното биро, од кое, без да сетам, сум го турнала, а тоа бесшумно паднало токму во мојата ногавица ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)