преостанат (прид.) - работен (прид.)

4.  Намалена работна способност постои кога осигуреникот, со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба – повеќе не може, со полно работно време, да работи на работното место според кое се оценува инвалидноста (поранешен чл. 41, ЗПИО кој тогаш беше во сила).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Осигуреникот со преостаната работна способност за кого е утврдено дека не е способен за работа со полно работно време на својата работа или на друга соодветна работа, со или без преквалификација или доквалификација – има право да работи на својата работа или на друга соодветна работа со работно време кое одговара на неговата преостаната работна способност, но не помалку од половината од полното работно време (чл. 48, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правата врз основа на преостанатата работна способност се остваруваат без оглед на навршениот пензиски стаж (чл. 60, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понатаму, со измените и дополнувањата на ЗПИО дојде до значи- телни промени на одредбите кои се однесуваат на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, воведени беа уште две новини во врска со овој надоместок: прво, негови корисници не се сите осигуреници кај кои постои преостаната работна способност, туку само инвалидите на трудот кои стекнале право на професионална рехабилитација; и второ, воведен е и максимален рок на исплата на овој надоместок од 12 месеца од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација и тоа под услов во рок од 30 дена од денот на завршувањето на професионалната рехабилитација засегнатите лица да се пријават во надлежната служба за вработување и редовно да се пријавуваат во таа служба во согласност со прописите за вработување (чл. 17 и 19, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Односно, преку оваа промена сите надоме- стоци за лицата со преостаната работна состојба станаа обврска на работодавците (чл. 7, ЗИДЗПИО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На таков начин, како единстве- на обврска на Фондот поврзана со исплата на парични надоместоци на лицата со преостаната работна сопственост остана исплатата на паричните надоместоци до вработувањето и средства за преквали- фикација или доквалификација за оние лица со преостаната работна сопственост чиј работен однос престанал поради стечај или ликвида- ција на правните лица во кои работеле.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до правата на работниците-инвалиди, укинато е правото на скратено работно време за лицата со преостаната работна способност, укинати се ре- чиси сите надоместоци на плата што ним им се исплаќаат, намалена а подоцна и укината е минималната висина на преостанатиот надо- месток на плата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според дотогаш-важечките одредби, намалената работна способност значеше дека осигуреникот со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба, повеќе не може со полно работно време да работи на своето работното место, преостаната работна способност – дека осигуреникот може да ра- боти најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или полно работно време на друго работно место, со или без преквалификација или доквалификација, додека за загубена работна способност станува збор кога осигуреникот е потполно и трајно неспособен за вршење на својата работа и друга соодветна работа и не може со преквали- фикација или доквалификација да се оспособи за друга соодветна ра- бота со полно работно време (чл. 41-43, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Правото на паричен надоместок за помош и нега, и за пензионерите и за наведените лица во работен однос, на- страда доста рано, веќе во 1995 година (чл. 9, ЗИДЗПИО/95), а во 2007 година дојде до опсежни промени во одредбите што се однесуваа на надоместоците на плата со што правата на лицата со преостаната работна состојба се драстично намалени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Треба да се нагласи и тоа дека укинувањето на правото на надоме- сток на платата поради работа со скратено работно време всушност е последица на едно уште посериозно намалување на правата на лицата со преостаната работна способност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При тоа, кај професионалната неспособност за работа има две новини: прво, при нејзиното утврдување како критериум се внесува споредбата со работната способност на физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност и, второ, дека таа главно е операционализирана преку утврдувањето на преостаната работна способност, кај која повеќе не фигурира можноста лицето со утврдена преостаната работна способност да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел (чл. 12, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, со измената и дополну- вањето од 2007 година, преку редефинирање на клучните поими око- лу инвалидноста со кои оперира ЗПИО, беше укинато и правото на работа со скратено работно време за лицата со преостаната работна способност (чл. 13, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)