И самиот ги имаше читано познатите упатства на битолскиот рабин Јосеф бен Давид Бен-Леви кој уште во 1502 година во Солун ја отпечати книгата со таканаречени респонси2 под наслов „Прашања и одговори”, упатства што се однесуваат на граѓанските, религиозните и духовните прашања и дилеми на еврејските заедници и кои до денес се земаат предвид во рабинските судови.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)