Издвојувам само една напомена на Цајтблом за недовербата           спрема собирот на овие „умни и стручни”, но духовно мошне неодговорни луѓе:              „Откаде недовербата спрема професорот Георг Фоглер, книжевен историчар, кој има           напишано една бележита историја на германската литература од стојалиште на племенска           припадност, во којашто писателот, значи, не се обработува и вреднува непосредно како           писател и универзално образован дух, туку како со крв и предел врзан неизвештачен           продукт на оној реален, конкретен, специфичен агол од каде што потекнал, за когошто           сведочи и којшто сведочи за него?
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)