петокрак (прид.) - ѕвезда (имн.)

Во рацете држеше пушка, а на капата му се црвенееше петокрака ѕвезда.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На таа фотографија главата на Duchamp се гледа од грб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Косата на темето потполно е ошишана во форма на петокрака ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Петокрака ѕвезда“ - рече Ташко - „од високо да гледаш.“ Се согласивме без збор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Црвените петокраки ѕвезди им молскаа на капите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)