нивен (прид.) - работен (прид.)

Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На судијата му е дозволено да заборави да ја истакне и онаа многу важна поединост: дека двете жени биле и платени чиновнички токму на тој Мирко Бунде; дека биле задолжени да извршуваат негови наредби, а дека нивната работна обврска била трагањето по грешките и непримерното однесување на авторите и другите работници од културната сфера со нагласка не само на нивните либерални, националистички па и анархистички сфаќања туку и однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се работи за мала, но поволна измена на одредбите на ЗПИО со која се обезбедува задолжително пензиско и инвалидско осигурување во случај на настапување на инвалидност и телесно оштетување и за корисниците на социјална помош поради повреда настаната при нивно работно ангажирање, учесниците во волонтерски активности, како и спортистите аматери и професионалните спортисти (чл. 6, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
До нови промени дојде во 2014 година кога се изврши групирање на работните места согласно Законот за вработените во јавниот сектор105 и тоа на: (1) јавни службеници; (2) даватели на јавни услуги во јавните претпријатија и (3) помошно - технички лица (чл. 4 од ЗИДЗЈП/фев.14), па согласно оваа поделба за вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во врска со нивниот работен однос се применува Законот за административни службеници106 и колективните договори (чл. 5 од ЗИДЗЈП/фев.14), додека пак за давателите на јавни услуги и помошно-техничкиот персонал освен ЗЈП, се применуваат и Законот за вработените во јавниот сектор и колективните договори, како и општите прописи за работните односи соодветно (чл. 6 и 10 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И тие така. Претепани на бојните полиња од војските на противниците се враќаа со искршени рогови, ама затоа пак се одмаздуваа на незаштитените чифчии; ја искористуваа до максимум нивната работна сила, ги малтретираа со сите познати и непознати мерки, ги отепуваа и продаваа по своја волја без да даваат сметка за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)