Зад нив гази Чана со тајфата од нејзиниот вагон: Големата снага на бабата Петра, со голема бовча, над бовчата врзоп кокошки што удираат со крилјата и се гласат, внучињата исто товарени, Добра со малечката и мажот, Влаинката Роса со момите и гуските и високото и скркулено старче, на крајот Борис Биџов со жената и детето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)