Неговата заборавеност се должеше на желбата да има повеќе војници, оние мали оловни војници кои, иако неподвижни и неми, секогаш и секаде ги победуваа битките и војните мрачни, иако невини и безначајни за времето, проколнати од недолжноста, малите оловни војници беспоштедно го сакаа својот генерал, мојот неповторлив другар.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само едно беше важно: да остане неподвижен, да остане неподвижен и да не им даде изговор да го удрат !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додуша, нивните интервјуа делуваат како паради на лоботомизирани изјави коишто навистина не можат лесно да ги достигнат ниту двајцата браќа од групата Оасис.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Инаку, ако судиме по интервјуата браќата Чепмен во ликовната уметност се она што браќата Галагер се во поп-музиката, иако нивните критичари повеќе ги гледаат како Бивис и Батхед на уметничката сцена.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Попусто Онисифор Проказник се обидувал да ги натера да појдат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеле неподвижни и во исчекување нешто друго да го разбуди времето во нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)