негов (прид.) - убавина (имн.)

Она што му се допадна не беше толку неговата убавина, колку изгледот што му се чинеше дека го поседува, како да припаѓа на време сосем различно од сегашното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако во Париз бев растргана и едвај успевав да стигнам секаде-одење на часеви по француски јазик во Алиансата, брзање низ ходниците на метрото да стигнам на време за да се грижам за Патрик, одење во паркот со него, читање на литература за претстоечките испити на факултетот, тука во Бретања уживав во летото со сите негови убавини.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Заблеснува, занчи, Храмот пред очите на рабинот во сета негова убавина, со двата големи столба поставени на неговиот влез и со дрвените декорации во внатрешноста изработени од кедрово дрво што тука е донесено од вишните либански гори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговата убавина го сече здивот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
О, што зборувам, зошто се занесувам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)