ликовен (прид.) - уметност (имн.)

Својот восхит тие го пренесуваат и на девојката што иде со нив, една од оние девојки кои самите не студираат ликовна уметност, па ниту нешто прочитуваат за таа гранка, но затоа дружејќи се со уметници неусетно стекнуваат завидно познавање на ликовната терминологија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ова е можно само со регулирана соработка меѓу институциите кои се финансирани со цел да ја афирмираат македонската ликовна уметност и со една нивна стратешки ориентирана програма.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
(Три примери од ликовните уметности: “класичниот” лавиринт од доцната ренесанса; дрвениот свод во Palazzo Ducale во Мантова; деформираниот крстовиден лавиринт на Лелио Орси, и /современиот/ на Фабрицио Клерици, “Минотаур јавно ја обвинува својата мајка”.)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беа воедно и првите години на академијата за ликовна уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ренџов тоа го дополнува со сликите на она што му е најблиско во ликовната уметност, со остатоците на фреските, со визиите на Бош или на Владо Георгиевски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го пренесуваме во Маргина од две причини: не пронајдовме поаналитични текстови за Кабаков; дури и таков, „патетичен”, текстот на K. Flohic е барем илјада пати подобар од слично патетичните (но и просто фрапантно конфузни) текстови на главниот уредник на единственото македонско списание за ликовна уметност, Големото стакло. ^исто да обрнеме внимание.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
При тоа, тој нема цел да ја моделира уметничката пракса за таа да биде присутна во посточката медиска презаситеност со слики, туку да се покажат можностите за „протуркување“ на критичкото и „радикалното“ во наизглед занишканиот и успан контекст на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со исклучителна почит, Вашиот верен Dr. Goebbels (Lokal-Anzeiger, бр. 171, од 11. 04. 1933) VII Професорот Adolf Ziegler, претседателот на Државната комора за ликовна уметност, на отварањето на изложбата „Изопачена уметност“ (1937): Се наоѓаме на изложба која опфаќа само дел од она што е наречено уметност, ашто во голем број го купиле германските музеи и тоа со парите на германскиот народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Истовремено, додека филмската лента молскавично го освојувала светот, Хичкок научил и да слика, посетувајќи ги часовите на Лондонскиот Универзитет на Катедрата за ликовна уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговиот технички придонес во ликовните уметности лежи во легитимирањето на комерцијалната техника свилено сито, процес кој е една автентичната „новина“ во историјата на сликањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Во оваа соба не се палат примуси? Привремени печки и слично?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Не, не. Овде ни се состануваат кружоци: хорски, драмски, ликовни уметности и музички...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)