Во исто време започнува и Кејџовото сѐ поголемо интересирање за источната           филозофија во која на почетокот го привлекуваа “еротиката и мирот, двете во           индиската традиција постојано присутни чувства”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За балетскиот ансамбл на Марс Канингем, со кого во почетокот на 40-те започна           долгогодишна соработка, Кејџ ги создаде Имагинативен пејсаж бр.2 (1942) и           Имагинативен пејсаж бр.3 (1942) во кои го продолжи испитувањето на некои           можности на електроакустичната музика “во живо”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон           Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и  Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кејџовото    влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви    уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус,    долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар,    се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и    еластичноста на неговите обиди.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)