Имено,  специјализираниот Британски суд за работни односи, во спорот R. vs. M.K., пресуди дека  конкурсите за работно место во коишто е назначено дека се бара минимално работно искуство во години, можат да бидат индиректно дискриминирачки врз основа на возраста  (т.н.„старосна дискриминација“) – па, кога приликите тоа го дозволуваат, треба да води  сметка да се избегнува ваквото условување.
               
             
           
            
            
              „Обезвреднување на трудот“
               од Савески,  Апасиев,  Ковачевски, Василев 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)