на (предл.) - човечко (прил.)

Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во Хјустон е лоциран оној славен и скап медицински центар во којшто е изведено првото пресадување на човечко срце.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таму со задоволство влегував во католичките цркви и катедрали, и иако православен, се молев заедно со католичките верници. Вие сте католик?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Практично дојдов кај Вас за да Ве поканам на човечко дружење”.  „Мојата позиција, знаете е специфична”, рече Беренц, кревајќи ја главата и одново заменувајќи ја срдечноста со резервираност.  „И мојата беше во Минхен, па сепак го восприемав и градот и Баварија со сите духовни сетила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Брзината на возот е сведена на човечко одење.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Овие ужасни болести што ги видов ме свртеа потполно против каков и да е Бог кој беше претпоставен како семоќен и добар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше генетички условено. Тоа не можеше да биде припишано на човечка грешка, и во никој очигледен случај, на човечко зло.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се слуша паѓањето на човечко тело врз земјата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)