на (предл.) - арно (прил.)

13. Оваа година прв пат не ме касна комарец. Не е на арно.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Голема депресија го тресе нашиов свет денеска, светов се движи во правец кој се оддалечва од хуманизмот и то ич не е на арно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Величетврток, мајко, на арно да ни е, ближи Велигден. Кажи ми сега што да ти помогнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама и не било на арно лошо да помислиш!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Работите не одат на арно! – го промени веднаш текот на разговорот татко ми. – Со Сталин или без него, ние остануваме со нашите кози! – пресече Чанга. – Но независно од Сталин – продолжи татко ми – кај нас сигурно нема да доцнат „плановите за новата социјалистичка изградба”, кои секако ќе ги зафатат и нашите кози. – И во мене нешто коби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само црцорот на птиците потсетуваше на другите обични денови. – Ова не ќе е на арно! – промрморе мајка ми и се упати кон кујната во дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А за Трајчеица што да се рече! Откако ѝ тргнаа работите на арно како да слезе од магаре а се качи на пајтон!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)