за (предл.) - добро (прил.)

— Бујрум — бег, си ме викал? — проговори како со туѓа уста.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Филозофот истапи пред логотетот, се поклони, падна на колена и рече: „Добар запис на прстенот стои, и за добро твое е напишан“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Појавата на новите дроги кои немаат решен легален статус создаде вистински хаос во општествениот третман на проблемот со дрогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ГОСПОД НА ПОМОШ за добро и за лошо НЕГОВ Е ЗБОРОТ. - Во ЗЕМЈАТА ЕЗЕРСКА нека има добрина... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ГОСПОД НА ПОМОШ - за добро и за лошо - НЕГОВ Е ЗБОРОТ... ОЧЕ НАШ, НЕКА ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А таа им рече: - Аманетот на мажа ми за среќа не бил, но белки за добро арен ќе биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дали повикување на човековите права и слободното општество значат вистинска грижа за овие важни прашања или само алиби за добро обмислена манипулација?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)