во (предл.) - слушалка (имн.)

„Боже!“ извика Летка во слушалката. „Колку ли инкарнации си имал ти!“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа нешто крцна во слушалката и гласот се изгуби...Чудно...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Кажи ги еднаш тие околности“, нестрпливо и вреснав во слушалката, но не за да ја исплашам туку за да ѝ помогнам, но таа изгледа воопшто не беше подготвена да слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стоеше и гледаше во слушалката. -Хм... Што ти е телефон!?...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чекај да се посоветувам. - Шиштење во слушалката. - Еве сум.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ало !! – реков, пропуштајќи го во слушалката првиот уплашен акорд на мојата гласовност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа го премести во друго дупче и пак заврте. - Молам! - се слушна во слушалката еден глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- А зошто ми го велиш тоа? – ја прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Те сакам – ми шепна во слушалката пред да ја спушти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)