Понекогаш, речните корита низ кои се пробива се оковани во мраз.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сè ќе се претвори во мраз, дрвјата, тревите, билките, водите, воздухот што го дишиме, а можеби и самото сонце. О, боже, колку се исплашивме!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Операцијата требаше да биде прво нешто следното утро.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Немав волја да одам долго низ гробиштата, ги гледав како мала бела шумичка, смрзната во мразот на смртната зима.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се сметаше дека тој не ќе може да го издржи општиот анестетик, така што беше одлучено да се направи обид со една процедура што беше забележана во Австралија: анестезија со пакување во мраз.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Хирургот нареди неговата лева нога, онаа што требаше да се ампутира, да се спакува во мраз една ноќ пред операцијата, а исто така, тогаш да му се даде и шише виски.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Токму тогаш, небаре свадбен подарок, на Баге му го тутнаа решението за пензија и тој дури тогаш се виде бел во косата како главучка праз што презимила во мраз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Префрлавме дрва, некакви сурови цепаници само што беа исечени од планината; животворната сок им беше претворена во мраз.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Голема снежна бура се спушти над земјата и сите дрвја што беа цутени ги претвори во мраз, во бело.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)