солза (имн.) - се (зам.)

Не било превези - очите - вирови длабоки - солзи се исполнија.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во очите му пливале грутчиња засирена крв, румени раски од кои и солзите се крвави и од кои невидено се разлава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Река од солзи се сли во морето. За века.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Како да излегол од кожурец: бил подвиткан, сиот во некој трепетлив грч, навидум слаб да се движи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А од каде солзи? Солзите се луксуз сега, сѐ стана луксуз замене освен чекорот во снегот, кој врвеше тихо, па молкум ме сопнуваше пред навирот на солзи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зар само низ солзи се стигнува до среќата, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сакав да му се извинам, ама сега е доцна не може да ме чуе, продолжи да ми објаснува низ солзи. - Затоа се расплакав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Солзи се слеваа по неговото лице како на мало дете.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)