пад (имн.) - во (предл.)

Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Зарем веќе направените ѕверства и на едната и на другата страна не се доволни да го разбудат човечкиот инстинкт на отпор спрема овој општ пад во животинство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од еден член на Партијата се очекува да нема лични чувства и да нема падови во ентузијазмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ако се обидеме да избегаме, патот по кој одиме ќе не води до никаде, до голема, длабока, мрачна, ладна бездна, пад во понор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
После многу напорни расправии, откако Унијата била протуркана некако, помош од Европа била ветена: Но помошта за спасување на Царството Константинопол од навала на силната Отоманска Империја, никогаш не пристигнала, па така бранејќи се само, Царството Константинопол доживеало пад во 1453 година.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само ако погледни човек што ни се случува нам, тука во Битола, каков пад во последниве 20тина години од времето на балканските војни, па светската војна која ги зовре европските мозоци!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Посебно во фанатичното продолжување на сталинизмот во Албанија и по неговиот пад во СССР и во сите други земји на Варшавскиот пакт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ударот од падот на храната е тап, како пад во дупка со вода, се распрснува водата насекаде, таа се шири по потреба од количеството внесена храна – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)