обвинение (имн.) - дека (сврз.)

Јас имав три чисти среде славната Сорбона да ја кажам, поткрепена со научни аргументи, вистината за советската социјалистичка педагошка школа, и да ме прифатат за доктор на науки, а овде ми ја одзедоа универзитетската катедра за педагошки науки, ме тупнаа во свирепиот затвор со обвинение дека сум бил информбировец, пропагандист!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од 1920 до 1926 година, подучува во бројните селски училишта по планините на југот од земјата, далеку од Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини дека децата го сакале, но не и родителите, така што против него е покрената постапка со обвинение дека премногу користел физичка казна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ми вадат нови обвиненија дека некогаш некаде сум рекла: „Ако некоја Македонка се омажи за Грк, јас ќе ја стрелам на првиот ѕид“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со еден збор, сторивме напор да ве одбраниме и вас лично од неаргументираните и злонамерни обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ве ослободивме од обвинението дека изнесувате злонамерни клевети за високи преставници на власта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, тоа го прават под мошне посебни услови‌што создаваат специфично машко кодирање на нивната активност – како кога настапуваат во својство на спортисти или акциски јунаци или политичари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Натпреварувачките спортови, да се фатиме само за првиот пример, може да уживаат поинаков родов статус од оној на театарската изведба и, како резултат на тоа, да се здобијат со поинакво општествено значење, токму затоа што мажите што се гледаат како играат спорт треба да прават нешто, а не само да настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова особено важи за тимските спортови, каде што играчите не ги гледаат поради нив самите, не како предмети на интерес самите по себе – како оние во гимнастиката и скоковите во вода, каде што спортското натпреварување лесно подлежи на обвинението дека дава проѕирен изговор за упадливо себепокажување и каде што затоа мажественоста на учесниците може полесно да се оспори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)