После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува;           меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го           посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма           на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и           онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 35“
              
              (1997)