молба (имн.) - и (сврз.)

Се разбира, клучот двапати го завртев во бравата подготвен да ги издржам нејзините врескотници, пискотници, молби и преколнувања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка му на Ордета, останата вдовица со тоа единствено дете, дојде кај него и му се припрати со молби и заколнувања: „Златен нунко, ти ќе ми го водиш детено во Сосрија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти и самиот знаеш, секој ден ти идам со разни молби и давии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Клара го затвори прозорецот, и рече: „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А потоа сите гласови одново згрмеа – плач и кикот, крикови и ревења, клокотење и фијукање, молби и тажачки, благодарности и проколнувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Може ли да ве замолам и нешто да заклучам. - Баш би сакала да ја чујам молбата и заклучокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А и сам Симиќ, кога виде дека му завршија лагите и молбите и клетвите, се заплати и чекаше да чуе каква казна ќе му биде одредена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)