Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака клетва изрекоа една: - „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја да не ја нажали Гега.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ја потпираше, и со бес, со ифрит во душата, викаше кон каменоломот, кон Танаил: „Пукај, мамето твое... Ќе блуеш пари за да направиш нова...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Е, море, Јован, командире мој. Ние сме едноселани, а ти ме праќаш таму.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Што сакаш, мајмуне, велам, сакаш да се фрлиш под мојот воз, мајката твоја?
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
„А, дезертираш, мамето твое...” свика постариот војник и почна да пука по него. Трчаше по него и пукаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Одби, мајката твоја ајдучка“, рече полугласно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Чизмите, Сотире, коланите, Сотире, брилјантинот, Сотире, јајцето, мајката твоја, е тврдо, а сум ти рекол да биде меко, и на човекот му дошло преку глава и му го попарил скутот со жешка вода небаре котлето му паднало од раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Едните „Бем ти мајку, бугарашку“ , другите: „Мамката твоја србоманска“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Директорот се тргна стреснато и го изгледа напорки дајреџијата: - А, мајката твоја...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)