Покрај ова имаше воспоставено и некаква премолчена традиција на класични злоупотреби на законот пред кои замижуваа локалните трудови инспектори – како на пример: Триманова, а и други работнички, преку две годи- ни работеа „на црно“ т.е. непријавени во АВРМ и за ова време                                                                          281  немаат никаков платен стаж или, пак, придонеси за осигурување;3  работничките, кои земаа мизерни плати од 6.000 МКД4 – работеа  по десет, а понекогаш и по 12 часа, а беа пријавувани дека работат со скратено работно време од само четири часа;5 на вработените,  кои работеа и саботи и недели, не им беа исплаќани ниту храна-  рина, ниту патарина;6 имаше и малверзации со картиците за  евиденција – па така, кога работничките остануваа прекувремено  или кога работеа за викенд им беше забранувано да се „откуца-  ат“ – што значи нивната работа никаде не се евидентираше, па според тоа и не се плаќаше; законски загарантираната дневна  пауза од половина час им беше преполовена и сл.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  На Триманова ѝ се зема  за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена  шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден  вид колатерална штета од целата ситуација.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)