И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето     е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен     час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Го сонуваше отец Лаврентиј: еве го, сам на вечерна ги лови буквите     во воздух, додека силен ветер ги позема и ги дува накај езерото, на сите страни     на светот, околу големата вода.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Очите му светат како     јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од     острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и     паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како     свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)