кој (зам.) - работен (прид.)

На корисниците на социјална парична помош кои работно се ангажирани, правото на социјална парична помош им мирува за времето на работното ангажирање, а по престанувањето на работното ангажирање користењето на правото на социјална парична помош продолжува.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Покрај нив, право на парична помош имаа уште четири други категории невработени лица: жените корисници на паричен надоместок за време на бременост и породување, лицата кои посетуваат стручно оспособување или преквалификација, лицата на кои работниот однос им престанал поради стечај или редовна ликвидација на организацијата во која работеле, како и оние лица со повеќе од 25 години стаж на осигурување (чл. 19, 21, 23 и 36, ЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целната група чие вработување се сакаше да биде олеснето беа невработените лице со најмалку 25 години пензиски стаж и над 54 години возраст на кои работниот однос им престанал по основ на стечај или по основ на технолошки вишок, кои оствариле право на надоместок од осигурување во случај на невработеност и се евидентирани како невработени лица над две години по искористување на правото по основ на невработеност (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, одлуката за тоа на кои работни места странските државјани ќе можат да засноваат работен однос им беше препуштена на организациите, при што тоа се утврдуваше преку општ акт на организацијата, под услов странските државјани да имаат одобрение за постојано настанување, односно за привремен престој во Југославија и одобрение за засновање на работен однос (чл. 2, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Правата и обврските на работодавачот – преносител, за неговите работници на кои работниот однос им престанал, до денот на пренесувањето остануваат непроменети, освен ако со други статутарни одредби поинаку не е определено (чл. 68-а, ЗРО/05 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)