Џинот се смее  Никогаш не дружел со толку откачен затвореник  Ние сме играчки на релативноста, вели тој со  епилептични гестови  Инструменти за реализација на сложени композиции  Од кои прска умот а облаците воздивнуваат  Гледам како растат отровни насади во неговата утроба  (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна  Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот  На Кортасар или како статуите на Буда излеани од  Кинески проѕирен порцелан).
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)