Ако се има предвид само застапениот корпус на раскази и ако се занемарат развојните тенденции на раскажувачката проза во современата македонска литература, како генерален впечаток се наметнува сознанието дека кај постарата генерација раскажувачи е присутна една по малку носталгично - сентиментална нота во сликањето на градот и една особена привлечност (дури би можело да се рече и опседнатост) од оној „друг” град исчезнат во природната стихија 1963-та, што не важи за помладите автори.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)