Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува,  другиот ја гледа таа иста месечина што некој,  заминувајќи си, морал да ја остави тука,  третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри  се множат оние кои допрва ќе горат.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)