користи (гл.) - ги (зам.)

Беа тоа луѓе од посебен сој, целосно предадени до крајот на животот на универзалната дипломатијата, која ги трансцендираше националните граници и ограничувања, понесени од некаков идеал, кој сѐ помалку станува разбирлив во овие времиња, далеку од секаква материјална компензација или некаков друг профит!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира имаше и стари ислужени дипломати, кои стануваа привилегирани советници на престижни компании, користејќи ги претходните знаења и врски, за некаков бизнис, но тие беа од друг ков, а можеби и помалку на број...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така почна електронски да ги објавува резултатите од тестирањата на Е-таблетите што ги прави низ клубовите во земјата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стокмија удобен дом користејќи ги широките цврсто градени темели на куќава, што ја кренал некој од прадедовците на Томислав во времињата пред да си заминат Турците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)