бев (гл.) - тогаш (прил.)

„Чиј беше тогаш тој глас?“, — се праша Митре и со молњевита брзина си одговори: „На бацка Петрета“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Андон се присети за дисагите и ќемерот што го зедоа од авалеџијата на Скала; му падна малку и криво оти не му дадоа токму дел од парите, ама си призна дека не беше тогаш член на нивната дружина, та немаше на тоа право.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утро беше тогаш, сега е ноќ.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
„Да драга, ти би ја турнала. И јас ќе ја турнев да бев тогаш ваков, каков што сум сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А обратно, тој како да беше тогаш посмрштен и полут.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога понекогаш проѕирно ќе погледнев околу себе и во светот, ќе украдев неколку часови од животот, ќе слезев во ладните ходници сосема длабоко, таму каде што отсечените и отуѓените делови од моето срце и душа во темните огледала ја добиваат својата совршена слика која личи на мене, на тоа што бев тогаш кога знаев што сакам да постанам, кога имав силна причина за живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Илјада километри тишина, копнеж и безумие од страст за допир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Камилски беше тогаш херој на своето време, кој на својот дел од Балканот не заврши како што заслужуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На едно патување од Лондон во 1927 година ќе запре во Париз, за да го посети својот вујко Али Фети Окјар кој беше тогаш амбасадор на Турција во Франција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сето она со што се среќаваат во светот околу нив им го дава истиот сигнал: тоа беше тогаш, а електронските комуникации - сега.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така беше тогаш кога се расебетувавме со Грците и им се токмевме на Турците: сѐ беше или Господово или пак Турците го имаа грабнато од рајата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа се потсетував како прв пат го видов татко ѝ на Марина со оваа нова жена и како бев тогаш убедена дека татко ми нема да биде никогаш таков… да стори нешто такво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше тогаш кога Елефтерија сепак му рече: „Помалку очекував од тебе... Затоа решив да те задржам“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Убавата спикерка со коса ко копа сено (такви беа тогаш женските фризури) го најавуваше првиот дневник на ТВС.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А јас ќе можев - малку ли работи можев - можев да излезам писмо да пуштам, што ќе беше тогаш?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
-Војни беа тогаш, велеше Еца во Будимпешта.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Врисокот на мајка ми што ме разбуди, неколку дена по нејзиното враќање од Загреб.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
-Војни беа тогаш, велеше Софија во Скопје.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Војни беа тогаш, многу се мачевме, ќе речеше Еца!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јагнињата одамна стивнаа. Сѐ уште не ми е избледено сеќавањето на тоа мајско утро `95 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Извесно време, на времето, кога првпат се сретнав со него на почетокот од 1970-тите, ми изгледаше како непромислено зборче од политичкиот жаргон – кое, со ведричкото инсистирање колку требало да бидеме среќни, само го призиваше злодухот што толку очигледно се мачеше да го истера, злодухот на некаква жална и патетична хомосексуалност. ‌Но, тоа беше тогаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А каде беше тогаш Ангеле? Никаде. Ангеле веќе петнаесет години не постои, но затоа постоеше Арслан веледи Сирме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, да знаше само каква убавица беше тогаш твојата баба. Сите ми завидуваа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што беше тогаш? - Како што бев? Студент. Не бруцош, студент.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но многу години пред да се засолни Јасер Арафат со своите најблиски соработници во Тунис, заедно Палестинската ослободителна организација во 1982-та, по опсадата и напуштањето на Бејрут и Каиро, тој кон крајот на 1974, пред да замине во Њујорк каде што ќе го одржи (на 13 ноември 1974 г.), својот познат говор на Генералната асамблеа на Организацијата на Обединетите Нации кога ПЛО ќе биде примена за набљудувач, ќе запре во Картагина да го поздрави Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тунискиот водач беше тогаш болен и изнемоштен, во депресија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И, да знаете, тоа беше тогаш кога Зоки Поки научи да си го пишува името.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сум ја слушнала таа приказна, дека божем Партијата ја организирала побуната на штипјанки на Прочка!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислиш измислувам? Од каде знаеш дека измислувам кога ти не беше тогаш во градов?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рече - војводата? Кој војвода беше тогаш со вас?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што велам јас, што знам што велам јас, што можев всушност, и да бев тогаш во состојба, да кажам за Скопје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)