бев (гл.) - редовен (прид.)

Јован и Толе беа редовни посетители на ова кафе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговата последна надеж се стопи кога ја пронајде својата порака сè уште закачена на вратата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев редовна и активна на предавањата, впрочем, овде ништо друго не ми ни преостануваше да правам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Третата работа, како и секоја ноќ, беше редовниот настап во едно кафуле на Ремблас, каде што изведе неинспиративна претстава пред група француски туристи, кои не можеа да веруваат во она што го гледаа, зашто одбиваа да веруваат во магија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Посебно ги обожуваше цвеќињата, беше редовен учесник и гостин на цветната манифестација што се одржуваше во месеците март и април.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гостинот му се претстави на Татко, кој му појде во пресрет: - Јас сум Климент Камилски, бев редовен професор на Универзитетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Две недели Рада илегално помина во студентскиот дом каде ваквото солидарно згрижување на илегалци беше редовна појава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За нив тоа беше редовен оброк.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Жива у кафе, коса у чвор, зуби од коњ, тароти, виљушки, гравои, влашка, циганска и вуду магија беа редовни ритуали, а гатарите ги окупираа телевизиите ко татко им да им ги остаил у наследство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)