А кој пуши знае што значи осум саати да не можеш цигаре да запалиш.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И околу девет десет саатот стана, си го јавна Белчета и за час се најде на спротивната чука.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во тоа време, кај осум саатот запукаа и првните пушки околу Маргара. Но Толе не брзаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
После, во Америка не се работи како во Романија дење и ноќе, осум саати.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Веќе е осум саатот, а неа ја нема. Дали се вратила? Да не останала таму да учи?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)