два (бр.) - пар (имн.)

Забриши моме пенџере и тури сарма у тенџере скалите да ги пометеш џемперот да го доплетеш Чорапи немам два пара ќе одам сега на пазар кошула ми е скината забриши в куќи прашината Цел ден со другачки ломотиш сармата да не ја загориш и ништо ако не работиш назад кај татко ти ќе одиш
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тогаш јавно го донесе пакетот во подрумчето, го раскина пред самата Чана и од него измолкна една фанела, кошула, поткошула и два пара машки гаќи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сето тоа се избалансира некако кога се собраа двата пара, односно двете мои сестри со нивните мажи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Фрлив два пара од твоите панталони”, рече таа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога бијат ровја, тој ја подготвува колата, со двата пара прелесни коњи, за да ја стаса ламјата, за да ја убие.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)