џаде ср.

џаде (ср.)

Првин го видовме војничкиот камион на џадето, а потоа војниците, татка и сите 12 души со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моравме малку да подзастанеме пред да го поминеме џадето и потоа меѓу германската стража се вративме назад.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Џадето тесно набиено со дебела кременеста коцка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен тоа, на Византија ѝ помагаа да ги држи Македонците во послушност и џадињата или друмиштата што се направени за воени потреби уште од Римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т.е. од Белото Море кон Јадранот и од југ кон север крај Вардар, т.е. од Белото Море кон Дунавот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селото Капештица го зазедоа Грците и нѐ напаѓаа со мали сили, додека со главните сили се втурнаа по џадето што води кон селото Смрдеш, кое се наоѓа од таа страна на границата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од источната страна - фабрика за кожи и цигари, од северната убаво широко џаде, од обете страни и парк – само ружи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вечераа луѓето, а потоа цела ноќ ја поминале во нужниците, во ендеците покрај џадето и зад бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кикицас го прекина: - По овластување на Главниот штаб наредувам веднаш да почнеш со пренесување оружје и да го распоредиш долж џадето меѓу селата Брезница и Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само еднаш. Да пробам еден капут, како божем за мене да ќе го земам, ама, не за џабе се рекло ѓаволот ни ора ни копа, па во следната секунда со крајот на окото видов како мојот ранец трча по „Румели џаде“ на Осман Бег, а јас во неплатениот капут по бабата во романска носија, со широко ромско здолниште (да не кажам сукња), претворена, чиниш, во брзата птица итрица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И кога свртеле на џаде, кај воденицине Чатлакови, ме здогледале мене кај што копам пченка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слегоа на џаде, заминаа по едно дрвено мовче и се најдоа од другата страна пред куќата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На зајдисонце Крстовица не излезе на џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо стои скраја од џадето. Во грлото небаре има грутка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе