ќепенок м.

ќепенок (м.)

Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го закрева настрана фустанот и се качува по скалите низ ќепеникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тука го дочекува часот кога стариот ќе му заповеда да ги залости ќепенците. Молчејќи се упатуваат дома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го отвора таа ќепеникот и слегува долу во кледот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капелата свиреше и гласот на една пејачка мрзливо излегуваше однатре заедно со цимбањето на раштимуваните инструменти и тапо удираше по ќепенците на затворените дуќани...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш се отворија ќепенците од куќата и на прозорецот се појави бабата на Дора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Струга дуќан да имам на ќепенците да седам, да видам, само да видам и на ќепенкот да умрам!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе ги отвореше ќепенците, ќе го попрскаше подот со вода и со метлата ќе ја изметеше меаната.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Андон се залула, удри со трескот во ќепенците од еден дуќан и одвај се задржа на нозе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќепенците од крчмите мирисаат колку на вино, толку на бира, уште повеќе на печено месо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затворен зад овие ќепенци, изгризани од црвите, тој е многу осамен и тажен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
6. Ај, на наломи излези бело Фиданче писано, прошетај долу в чаршија кога седам на ќепенци!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таму, згора на душемето, имаше ќепенок и низ ќепенокот можеше да се слезе долу во продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Станувам, го запалувам кандилото и тоа пред мене, јас по него, слегувам долу низ ќепеник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На едно место во подот ги растргна сите пилотни и го отвори ќепенакот. Темничина и мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе