јавен прид.

јавен (прид.)

Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа во европското јавно мислење и во самата Србија создаде илузија дека има Срби во Македонија и таа илузија во очите на европејците минува како факт.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш сѐ уште не беше стапен во сила законот за забрана на пушење во јавни простории и кафеани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Првата теорија имаше помалку следбеници и беше предназначена за пред европското јавно мислење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа Македонците во Србија се откажаа од една јавна борба со Србите, но со тоа тие не се откажаа од интересите на нивната татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Илузиите на европското јавно мислење за српски интереси ги донесоа своите плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттаму велеа дека книшката е јавен документ и му е потребна на работникот кога сака нешто да докажува пред одредени органи, а доколку би ја немал не би можел да докажува одредени факти, доколку тоа биде потребно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
112. Работењето на Србите не остана без резултати при решавањето на македонското прашање. Србите со своите училишта во Македонија успеаја да создадат илузија во европското и во руското јавно мислење дека има Срби во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во градскиот комитет започнаа да пристигнуваат поплаки од основните организации на партијата за недоличното однесување на козите на разни јавни места во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со тоа Србите ги лажеа не само европското јавно мислење и Македонците, туку и самите себеси: тие фатија да ја пропагираат истата идеја и сред Србите со помошта на училишта и книги.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, при организирање јавни работи, ако организаторот на работите (кој, согласно член 84 од ЗВОСН, може да биде само работодавец од јавниот сектор) работно ангажира невработено лице корисник на паричен надоместок на јавни работи над 30 дена, тогаш тој има право на надомест од Агенцијата за вработување, месечно во висина на паричниот надоместок на ангажираното невработено лице.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ден пред тоа - јавна куќа и увереност дека сите се исти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но во ваков кварт не може да има јавни клозети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе