шлаканица (ж.)
Но војникот наеднаш запре со крстењето и му врза една тешка шлаканица на момчето. Со истата рака со која се крстеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме изведоа на патот и ме подбраа со шлаканици.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Шлаканицата на приквечерината го помодре лицето на улицата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Но јас мајсторски излажав, па така виновник излезе мојата помала сестра, па нејзе ѝ помодреа образите од шлаканиците што ги доби.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И тогаш, татко ми врза шлаканица и ме пушти дома со плачење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поза
Додека месечината од мракот
парампарче прави во нас
несвесното е распослано
како освојувачот пред Рим
кајшто сите патишта водат
тој што во тебе бара
сличности
со историски ликови
фрески
соѕвездија
твој домородец е
варварин биди
испади го
биди
на оваа гозба нема
ни мудрости ни шлаканици
ќе се сликаме голи и гладни
додека ги јадеме
животот
и лебот на љубовта
и за твојот и за нивниот
мирен
сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Шлаканицата што следуваше беше најсилниот удар што го имаше видено во животот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кошавата таа есен со мразни шлаканици многу порано отколку обично, го најави доаѓањето на зимата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Што се однесува до мојата тема театарот, деновиве во дневниот печат прочитав како еден актер им удира врела шлаканица на други двајца чинители на театарскиот чин во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Моето организирано кино-доживување го паметам и по шлаканицата што ја добив од учителот по математика во основното училиште кој, за време на проекцијата, се проектираше во редар.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Да му веруваме ли на часовникот дека само шеесет кобни шлаканици мава една минута?
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ја фатив за ременот околу вратот, ја извлеков надвор на балконот ѝ удрив две шлаканици по задникот и ја пуштив да избега.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- А зошто ме чекаш, ѝ велам јас, болви за да ти тепам меѓу колена? И ѝ врзувам една шлаканица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се плашеа и не смееја да го сторат тоа, да ме мачат окован: шлаканици со панцирни ракавици, рефлектори в очи, шпенадли под нокти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред двеилјади години, Синот Господов-Исус своите следбеници ги подучувал дека секогаш треба да го подаваат другиот образ ако претходно добиле шлаканица.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ане извикуваше од секој тап удар или шлаканица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дигна ли рака на мене, само една шлаканица да ми удриш, знај оти таа декика си ода кај браќа ми, а ти т'чи си а главата со децата како знајш, — му рече Доста на Илка кога навистина еден ден по една голема Митрина тужба Илко ѝ подвикна и нарипа и тој да го последува брата си Стоја — да ја удри Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еве го твојот господ, ѝ велам, овдека само јас сум господ, ѝ велам, и ѝ врзувам уште една шлаканица. 225
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)