шега (ж.)

Еднаш на шега му соопштив дека уште малку ќе почнам да го гледам како да ми е брат со кој повремено се гушкаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во почетокот мислевме дека тоа го прави на шега...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со него шегата беше многу сериозна работа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа и го спаси од неизбежните шеги.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Шегата е примамлива мирудија иако не е погодна за секаков вид храна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Шегата на страна, но модриот патлиџан нема само гастрономска туку и цивилизациска вредност, посебно за медитеранските народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На мајсторите им пречеше тоа негово заостанување и тие некое време го поземаа постојано подвикнувајќи кон него секакви шеги, а многу често и пцости.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наоколу многу гости седеа, терајќи си го ќефот со по некое пивце, со обемниот ручек, натпреварувајќи се со ишарети и сочни шеги, со кои се засмејуваа меѓусебно како врвен десерт по јадењето храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но брзо се увери дека не е шега кога виде дека сите тројца играчи ги зедоа поделените гравчиња и толку динарчиња ставија во влогот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Понекоја стивната шега прошетува внимателно. Се јавува и првата насмевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нели, чудна шега на оној што ми шепотеше во увото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе тешко можеше да се контролира неговата алчност, спржуваше, правеше изгореници, палеше млади дрвца што квичеа под неговата жестина, ја поцрнуваше земјата над која како од шега поминуваше само со краток јазик, жежок, а смртоносен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа се подскриваше под превезот на шегата, зашто тоа никому не носеше зло, никому не му наштетуваше, а така најлесно може да опстане, во услови во кои болката вирееше до суровост, до границите на свирепоста на и потаму од тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе