шарко м.

шарко (м.)

Шарко најмногу не го поднесува политичкиот комесар. Каде и да се појави тој, во ровот, во редот пред казанот - лае по него, ‘ржи, покажува заби, на грбот му се наежува влакното, го гледа со крвјосани очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога излезе од орманот пците се враќаа на неговото мамење, но така накострешени, што одвај чекаа да им рече „тут Шарко, Мрчо — де бре!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каљостро: Ав ав, Шарко!(тука некако се спомнува Маркс, капитализмот, Кракатау и Каљостро пеат една песничка, зборуваат за фантомот на слободата, небулози...)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тишина. Лефтера се подигна, се исправи и исправена оди. Сѐ поблиску е Шарко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)