четиринаесетгодишен прид.

четиринаесетгодишен (прид.)

Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Таму не можеш да разговараш со својот четиринаесетгодишен син.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Последниот од нив, Макс Франц, кој го наследил електоратот кога Бетовен бил на четиринаесетгодишна возраст, и кој на повеќе начини се спријателил со него, бил близок со целата царска фамилија, бил висококултивирана личност, особено за музика.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Авдотја Игнатјевна, ме паметите ли мене; паметите ли како пред петнаесеттина години додека сѐ уште бев четиринаесетгодишен паж, вие ме развративте?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Четиринаесетгодишно момче во Сан Франциско одеднаш ќе флертува со убава глумица од Берлин, со девојче во Бразил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)