црвче (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Допри го црвчето со жарче, ќе се свитка. Тоа го велиш е страв?
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          4. Каде што беше црвчето  сега се клати рипче  а јас не сум маѓепсник.
        
      
    
    
    
      „Зошто мене ваков џигер“
         од Јовица Ивановски 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите     јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња -     преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да     видиш како се грчат.”
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 32-33“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Само да го нападам ова црвче што ме нагризува под лажичката.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На врв  спирала од црвчиња се станувало историски факт.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        