ферментација ж.

ферментација (ж.)

Секое негово дело има своја приказна за раскажување; понекогаш тоа е само запис од настаните на еден ден како во Пасторалната симфонија, но раскажани со гламур на поезија и романса, така што, додека слушаме, привремено ни ја враќа младоста; понекогаш тоа е трагедија која се расплетува, како во Сонатата „Апасионата“ или во Петтата симфонија; или тоа ќе биде Увертирата „Кориолан“, таа зовриена, бурна ферментација на емоции и страст, најразновидна, најконтрадикторна, најразлична што може да се замисли.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Алкохолните пијалоци главно се состојат од вода и етил алкохол (или етанол) кој се добива со ферментација на овошје, зеленчук и житарици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како работничка и надгледувачка во одделот за ферментација.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)