устројство (ср.)
И утредента Лествичникот слегол во гробот од татка си, и ковчежето го откопал, негибнато сосем, и в раце го држел, а косата на главата му се исправила од страв и ужас, оти од ковчежето доаѓал чуден звук, како коските на таткото негов да штракаат и да се распоредуваат во устројство чудно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓутоа, доколку ги сокриеме или отстраниме усните, како единствен детаљ кој ги одредува изразните одлики на некакво „лице“ на претставената фигура (детаљ кој како и да не ѝ припаѓа на сликата бидејќи и самиот е направен од картон и просто залепен врз панелот), ќе ни се укаже и друга фигура сокриена поради „лицето“ на првата фигура, фигура нам свртена од грб.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)