уметник (м.)
Тој бил оној што го утврдил достоинството на уметникот, наспроти оној што е само од благородно потекло.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Четката на уметникот како да ги одредила маргините на студенилото на човековата душа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Геометрите од бронзеното доба се духовни претходници на таканаречените компјутерски уметници.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Никогаш не постои пристап до рамнотежата меѓу уметникот и неговата публика.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Првите цртежи на уметникот прикажуваат бикови и тореадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Низ историјата се познати уметници и аристократи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Повеќе личеше на работник одошто на уметник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како што со развојот на културата животот се збогатува и како што луѓето се оспособуваат да си присвојат за себе повеќе од различните форми уметност, самиот уметник се здобива со поголема моќ, неговите способности се зголемуваат во директна пропорција со напредокот во културата постигнат од луѓето и со нивната способност да го разберат.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој алудираше на една традиција различна од социјалистичката, а со неговото користење уметниците се поставија себеси во опозиција на официјалната култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во текот на следната година Бетовен често го минувал времето во Цергартен, место каде се собирале уметници, универзитетски професори и други значајни луѓе.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Задачата на уметникот сигурно и денес не е неа да ја премолчува туку отворено и вистинито да ја кажува.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)