тука (прил.)

Мачно... којзнае колку луѓе ни останаа тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко не можеше да дојде на железничката станица. Мајка беше тука.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Останале тука кришум под дрвјата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Тука подолу кај големиот дол го сардисаа пустите турчишта, грмеше силно оружјето, се тресеше селото од силниот пукот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Е, видиш, тука не се мешам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поминав тука и ги видов овците испотепани...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
ЕМИГРАЦИЈА Заминах за Скопје да уча И момче од тука фанах Со гз докторка станах
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нејзе тука ѝ е добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејќам да ми се смеат сите: е, ти носиш вода, а ние тука се потиме! – Кој ти се смее?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше и тука, но беше и изгаснато во неговото паметување. Живееше само со оној ветер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука од сите заборавено живееше едно мошне сиромашно семејство: старец и старица, со козле, децата одамна им беа на печалба, ни трага ни глас од нив со години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Братучедите ги закопаа нозете тука на место и не мрдаат- Србин се тегави колку што може и не може, а Шишман како камен се вкопа во макадамот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе