труст м.

труст (м.)

Во рацете на картелите и трустовите се концентрирани неретко седум до осум десеттини од целокупното производство на дадената индустриска гранка.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Трустот за челик им плаќа на своите инженери и работници високи премии за пронајдоците што можат да ја усовршат техниката или да ги намалат трошоците на производството.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тутунскиот труст од самото свое основање ги вложуваше сите усилби кон тоа во широки размери да го замени насекаде рачниот труд со машински.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Извештајот на американската владина комисија за трустовите вели: „Нивната надмоќ над конкурентите се базира врз крупните размери на нивните претпријатија и на нивната превосходно поставена техника.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Империјализмот е капитализам во оној стадиум на развитокот кога се создава господство на монополите и финансискиот капитал, истакнато значење доби извозот на капитал, почна поделбата на светот од страна на меѓународните трустови и се заврши поделбата на целата територија на земјата од страна на најкрупните капиталистички земји.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Многу патенти во почетокот беа неупотребливи, и нив мораа да ги дотеруваат инженерите на работа во тој труст.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
За истата цел трустот создаде свои леарници, фабрики за машини и работилници за поправка.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Монополистичките сојузи на капиталистите – картелите, синдикатите, трустовите – го делат меѓу себе пред сѐ внатрешниот пазар, приграбувајќи го во свои раце, повеќе или помалку во целост, производството на дадената земја.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Уште во 1902 година трустот за челик произведуваше 9 милиони тони челик.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но поделбата на светот помеѓу двата моќни труста, се разбира, не ја исклучува прераспределбата ако односите на силите – поради нерамномерноста на развитокот, војните, краховите итн. – се менуваат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А каде, освен во фантазијата на сладникавите реформисти, постојат трустови што се грижат за положбата на масите наместо за освојување на колонии?
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Во Англија монополистичките сојузи на капиталистите, картелите и трустовите, никнуваат во најголем дел – за разлика од другите земји во кои заштитните царини го олеснуваат картелизирањето – само тогаш кога бројот на главните конкурентски претпријатија се сведува на „некакви две дузини“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Еве што пишува професор Герман Леви во специјалната студија за „Монополите, картелите и трустовите“ според податоците за економскиот развиток на Велика Британија: „Во Велика Британија токму големите размери на претпријатијата и нивното високо техничко рамниште ја носат во себе тенденцијата кон монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ако под чисто економско гледиште подразбираме „чиста“ апстракција, тогаш сѐ што можеме да кажеме ќе се сведе на поставката: развитокот оди кон монополите, според тоа, кон еден светски монопол, кон еден светски труст.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Поинаку речено, така објаснуваат овде, својата економска самостојност не ја претопувај со својата безличност во некој голем концерн, труст или акционерска компанија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше избрано последното и под многу неповолни услови „Германската банка“ склучи договор со „Петролејскиот труст“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Спасот е во монополот, зборуваа капиталистите основајќи картели, синдикати, трустови.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Уште во 1903 година помеѓу германските колоси и тој американско-англиски труст беше склучена спогодба за поделба на светот во врска со поделбата на профитот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ќе го споменеме уште меѓународниот синдикат за цинк, кој е основан во 1909 година и кој точно ги распредели размерите на производството помеѓу пет групи фабрики: германски, белгиски, француски, шпански и англиски; – потоа меѓународниот труст за барут, тој, според зборовите на Лифман, „наполно модерен тесен сојуз помеѓу сите германски фабрики за експлозив, кои потоа заедно со аналогно организираните француски и американски фабрики за динамит го поделија меѓу себе, така да се каже, целиот свет.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„И другите трустови имаат кај себе таканаречени developing engineers (инженери за развивање на техниката), чија задача е да пронаоѓаат нови методи на производството и да ги испитуваат техничките подобрувања.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Повеќе